ЗанимливостиМакедонијаТоп 1

КИРАЦОВСКИ ЌЕ ОТВОРА ФИРМА СО БОКИ ТРЕДИЧИ, ДА СЕ ИСПЕРЕ КЕШОТ ПРЕКУ ТАТО ЦИЛЕ ПЕЛИСТЕРКА И СИНЕТО ДЕЈАН

КИРАЦОВСКИ ЗАЕДНО СО НОВАТА СЕКРЕТАРКА, А СТАРА НАША ДРУГАРКА ПОРАНЕШНАТА ФРИЗЕРКА ОД ПОРАНЕШНИТЕ ГОДИНИ НА СДС И БОКИ ОТВОРААТ ФИРМА ЗА РЕКЕТ?

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Александар Кирацовски отвори фирма: На 500-тини основачи им помогнав да започнат бизнис, сега и јас сум претприемач

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски, официјално и самиот стана претприемач со отворање на почетен бизнис во Битола, најпрво за издавање на деловен простор и апартмани, а потоа, како што сам вели, со можност да се прошири на други дејности.

Некогашниот генерален секретар на СДСМ и дополнителен министер за дигитализација и информатичко општество ја основа фирмата „Сапиенс Инвест“ со адреса на улица Климент Охридски во Битола, каде што се наоѓа и самиот објект со кој ќе менаџира Кирацовски.

– Јас по професија сум бизнис консултант. На 500 фирми самиот сум им помогнал да започнат со работа преку бизнис инкубатор кој поддржувал стартап компании. Имам две магистратури – едната поврзана со менаџмент на стартапи, а другата со машинско-индустриски менаџмент. Така што овде нема ништо чудно и сега може да се каже дека сум станал претприемач, вели Кирацовски.

Поранешниот пратеник неколку години го нема во јавност, особено откако повеќе не извршува никаква политичка или државна функција. Тој вели дека како физичко лице своевремено ги издавал апартманите со дозвола од општината, но дека сега преку фирмата која ја формирал, првично со дејност „друг вид на сместување“, сака да се обиде да направи покрупни бизнис чекори.

– Станува збор за издавање на пет апартмани и на деловен простор кој во моментов е под закуп во договор со „Еурофарм“. Тоа е објект кој е одамна во моја и во сопственост на член на моето семејство. Тоа е засега, а понатаму ќе видиме. Во самото име на фирмата се наведени повеќе дејности (производство, трговија, услуги, угостителство и градежништво), додава Кирацовски.

Тој во едно од своите последни интервјуа што ги даде пред неколку години рече дека се повлекува од политичкиот живот за да биде „многу повеќе со семејството и комплетно ангажиран во академскиот живот“. Кирацовски самиот рече дека си поднел оставка како генерален секретар на СДСМ по претседателските избори 2019 поради „моќници кои креирале лажни вести за него“. Тој беше споменуван и од шоуменот Бојан Јовановски во аферата „Рекет“ , дека бил посредник во комуникацијата со бизнисмените од кои се барале пари – нешто што Кирацовски категорично го демантираше.

Поранешниот функционер е дипломец на техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на машинскиот отсек и е дипломиран машински инженер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button