Честит празник, #Македонијо!
Екот на првите антифашистички пушки и денес е вткаен во ритамот на нашите срца македонски.
Борбеноста и решителноста да се дојде до слобода и да се има своја држава е запишан во кодот на македонскиот народ.
И новите искушенија кои ни ги наметнуваат, отсликани во сите сфери на опшественото живеење се само уште еден предизик од кој ќе излеземе уште посилни и посплотени.
Живеејќи ја денешнината, почитувајќи го изборот на нашите предци да застанат на вистинската страна, сеќавајќи се и предавајќи го на идните поколенија сведоштвото за крвавата борба за формирање на нашата македонска држава, градејќи го така мостот со иднината, носејќи храбри одлуки со кои ќе го сочуваме ова свето наследство – и ние сме дел од големата приказна за Македонија.
А љубовта кон татковината нема цена.
Нека им е вечна слава на сите паднати херои во народното востание и борбата за татковината!
Вечна да ни е Република Македонија!