Македонија

ДАНЕЛА, ПОТРЕБНА ЛИ Е ЖРТВА? Градоначалникот на Бутел со свои пари ќе „крпи“ дупки на улица

До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва!?, прашува градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

„Со месеци се алармира до Град Скопје, Данела и ЈП Улици и патишта да закрпат една дупка на улица Радишанска, улица која што е надлежност на градот ! Ни трага ни глас, како и за се останато. Јавно посочувам дека со лични средства ќе ја поправам оваа дупка, ако Град Скопје бара кој инвестирал во нивна надлежност без нивно одобрение да знаат кого да бараат“, објави тој.

Костовски нагласи дека ова е срамота од невидени размери.

На фотографијата се гледа како поради намалената видловост синоќа од поројниот дожд. автомобил пропаднал во дупка која со години е опасно место за сообраќај на улицата Радишанска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button