МакедонијаЦрна Хроника
За поранешните министри секојдневно се доставуваат докази, тврди Тошковски, еве за Љупче и Оливер над 300 страни докази има дека се кримоси
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека секјодневно пристигнуваат докази до МВР за голем број злоупотреби од страна на министрите од поранешната влада.
-Во однос на одредени претходни министри, постојат соодветни докази коишто се уште сме во рана фаза да кажеме дека се процесуирани во вториот чекор потребен да се затвори оваа постапка. За многу голем број на злоупотреби секојдневно се доставуваат докази до МВР. Секој ден – рече тој на ТВ 21.
Според него, има обиди за подгревање на меѓуетнички тензии.
-Постојат обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, и сите сме свесни за тоа. Но, свесни сме дека и МВР соодветно реагираат и ќе реагираат во иднина – изјави Тошковски.