Црна Хроника
Детето е грабнато за да биде убиено, произлегува од доказите на Обвинителството, рече Палчо
Детето е грабнато за да биде убиено, откуп не бил баран од мајката, тоа произлегува од доказите на обвинителството, рече Љупчо Палевски Палчо првообвинет за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Палчо тврди дека нема никакви траги од него и дека се злоупотребуваат докази за да се направи политички монтиран случај против него.