Вирален статус на популарниот доктор Трајковски: Палачинки од 560 денари, без очекуваниот квалитет
Доктор Бојан Трајковски, познат по своите вирални објави на социјалните мрежи со совети за здравје, овој пат се огласи на сосема поинаква тема. Тој на Фејсбук сподели своето разочарување од услугата во познатата слаткарница Lokmades Macedonia, порачувајќи дека квалитетот на десертите не ги исполнил неговите очекувања.
Според објавата, Трајковски нарачал две палачинки со нутела, плазма и шлаг, кои чинеле 560 денари, но смета дека нивниот квалитет не бил на ниво. „Тестото беше ладно и тврдo како камен, а нутелата, плазмата и шлагот речиси и не можев да ги забележам,“ напиша тој, нагласувајќи дека за цената што ја платил, очекувал далеку подобар производ.
Овој случај е само еден од многуте на социјалните мрежи, каде што корисниците изразуваат незадоволство од квалитетот на услугите во угостителските објекти, што повторно го поставува прашањето за стандардите на квалитет во индустријата.