Македонија

Фетаи до ексфункционерите на ДУИ: Земете адвокати да ве бранат во судењата за злоупотреби и корупција, заборавете ја владата!

„Вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи им порача на поранешните функционери на ДУИ да не стојат зад вратата на Владата, туку да ангажираат адвокати, за да се бранат во судовите.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ за пренесува изјавата, што ја даде Фетаи во овој контекст: „ДУИ има многу тешкотии да прифати дека е веќе во опозиција и сега секојдневно се соочува со нови докази за нивните злоупотреби. Коалицијата Вреди почна да ѝ ги открива на јавноста коруптивните афери на „Европскиот фронт“, на ДУИ, и ќе продолжи да го прави тоа. Наместо сè уште да се обидуваат по секоја цена да влезат во Владата, треба да размислат за нивната одбрана. Подобро е да ангажираат добри тимови на адвокати и да ја подготват својата одбрана во судовите, одошто да се трудат да направат нешто, што не е можно.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button