Нека е аирлија!
Нов реновиран простор за 60 дечиња во градинката ,,Сончоглед”
Денес сме во градинката ,,Сончоглед” при ЈДГ ,,Весели Цветови”, каде ставаме во функција нов реновиран простор и со тоа го зголемуваме капацитетот на оваа градинка за уште 60 деца.
Практично, си го вративме просторот што му беше даден на користење на ,,Центарот за деца од улица”, бидејќи таму доаѓаа многу малку деца, а ние имаме потреба за места во градинките.
Побаравме од Центарот за социјални работи за децата од улица да обезбеди нова локација, а ние просторот го реконструиравме и од денес ги отвораме неговите врати за нови 60 дечиња.
Во насока на моето ветување дека ќе ги затворам наследените листи на чекање за упис во градинка кои имаше 450 деца, сакам да потсетам дека во изминатите три години, отворивме две нови градинки и ги проширивме капацитетите во многу други постоечки градинки.
Во моментов, уште две градинки се во процес на изградба, едната е во фаза на изградба, а за втората, во Расадник, се обезбедени средства, изготвен е проектот и изградбата наскоро ќе започне.
Нова градинка добива и Потстаница, бидејќи и таму, багодарение на Владата на Република Македонија добивме објект на трајно користење.
Заедно со денешното проширување на капацитетот на градинката ,,Сончоглед” при ЈДГ ,,Весели Цветови” сме уште еден чекор поблиску да овозможиме во Кисела Вода сите деца да можат да бидат запишани во градинка без да има потреба од чекање.