МакедонијаТоп 1
Битиќи се мести за премиер Албанец: Ќе прифатам, доколку ме предложат
Прв премиер Албанец останува дел од договорот меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ, пренесува ТВ21.
Ова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го истакна вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.
Тоа може да се поништи само со нов договор меѓу двајцата лидери на двете партии кои го направија овој договор. Подадената рака за договор останува подадена рака и останува дека во последните 100 дена ќе има премиер Албанец – вели Битиќи.
Битиќи навестува дека договорот не е кандидатот да биде само од редовите на партијата на Али Ахмети, а не ја исклучува можноста и вели дека би ја прифатил задачата доколку биде предложен за тоа.