Македонија

Ново покачување на платите од 400 евра за функционерите од 1 јануари, и амнестија си донесовте, се за вас и околу вас

Има едно прашање на станскиве портали :" Една работа што треба да ја нема на земјава " ? Јас реков : ПОЛИТИЧАРИТЕ

Zgolemuvanjeto na platite na funkcionerite kje go platime preku zgolemenite ceni i DDV na namirnicite.
Shto ne e jasno?

Можно е да е слика од 3 луѓе и текст

Ново покачување на платите од 400 евра за функционерите од 1 јануари

Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година.

Како што анализира „Слободен печат“, од 1 јануари нивните месечни примања ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!

За споредба, просечната бруто-плата лани изнесувала 43.509 денари, во јануари годинава била 50.837 денари, а во веќе во јули 54.434 денари. Така, околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица ќе земаат уште по најмалку 150 евра месечно, а најмногу по 400 евра месечно, во зависност од коефициентот на сложеност, а кој е од 2,2 до 4,5.

На пример, платата на премиерот Димитар Ковачевски до март изнесуваше околу 90.000 денари, од март прима околу 160.000 денари, а од јануари ќе зема околу 184.000 денари, а слични се платите и на спикерот Талат Џафери и на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button