Црна Хроника

Мајка го запалила станот во Хром за да го прикрие убиството што го сторил синот

t

Мајка го запалила станот во Хром за да го прикрие убиството што претходно го сторил нејзиниот син со над 40 убоди од нож – полицијата и Обвинителстово го расчистија случајот со 36 годишниот скопјанец кој беше пронајден мртов минатата недела.

Мајката на 39 годишникот, осомничен за убиството во скопската населба Хром, му помогнала да го подметне пожарот со намера да ги прикријат трагите. Пред десетина дена пожарникарите интервенираа на запален стан при што го пронајдоа телото на 36 годишникот кој живеел таму. Но причината за неговата смрт не била пожарот, туку, како што покажа и обдукцијата, 45 убодни рани во вратот и телото. Пожарот, утврди истрагата на обвинителството, го подметнале осомничениот и мајката заедно.

„По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата.

Осомничениот за убиството е во бегство, полицијата распиша потерница а истрагата треба да даде одговор и за мотивите за убиството кое го извршил по кратка расправија. Неговата 59 годишна мајка е во триесетдневен притвор поради опасност од бегство, можност да ги скорие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците. Како соизврштел таа е осомничена за Тешки дела против општата сигурност.

Убиениот млад човек живеел сам. Соседи во зградата каде живеел за Канал 5 раскажуваа дека повремено правел забави во станот, но не пречел никому, и се сомневаат дека најверојатно должел пари на лихвари. Утрото на 22 септември слушнале звуци на вербална и физичка пресметка, но не пријавиле во полиција, а подоцна избувнал пожарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button