МакедонијаТоп 1
„На здравје нека ти е млекцето“!? Не, ти не си човек. Ти си монструм без свест, совест, без чувства!
Имам едно прашање за оние лоповите од Онкологија. Што правите со парите заработени на таков монструозен начин? Во продавница купуваш млеко со тие крвави пари и му ставаш во чаша од млекото на сопственото дете да пие? Го гледаш како голта од млекото и око не ти трепнува? Не си помислуваш ли дека ја голта последната надеж на некое измачено семејство дека за нивниот близок можеби ќе има спас? Не ти текнува дека го голта лекот на некој болен кој можеби во моментот умира заради тебе? Нели ти кликнува во главата дека детето ти ја пие последната голтка од нечиј живот, па нека е и минута од него? И што му викаш на крајот „На здравје нека ти е млекцето“!? Не, ти не си човек. Ти си монструм без свест, совест, без чувства!
Имам и едно прашање за оние од инспекторатот. Каде живеете вие? За што зимате плата? Зошто се однесувате како да сте паднале од Марс вчера? Како е можно вие никогаш ништо да не знаете и никогаш ништо сами да не откриете? Мора ли секогаш некој друг под нос да ви сервира што се случува? И до кога ќе не замајувате со „нема лекарска грешка“ и „штекерот е крив“???
Директори, сегашни, бивши, идни. Ако знаеш, а молчиш, соучесник си. Ако знаеш и учествуваш, убиец си. Ако не знаеш, тогаш си или глупав или наивен, што е малку веројатно, зошто во оваа држава такви луѓе на директорски позиции нема!
Власт, судство. Како се спие со полни џебови од подмитување, корупција, поткуп за да судиш вака или така, како за кого? Мирно, претпоставувам, ве боли уво, исто како и лоповите од Онкологија. Децата си ги растете и раните со пари натопени со нечија мака и последни капки крв и не се каете, ниту пат ве гризе совест, зошто ја немате!
Полиција? Полицијата „работи на расчистување на случајот“. И работи и работи и работи… уствари заташкува и заташкува и заташкува… Не ви е срам постојано истото да го повторувате? Ќе расчистите ли некогаш барем еден случај како што треба?
Мизерна и осакатена, уништена и опљачкана Република „Работиме на расчистување на случајот кој никогаш нема да се расчисти“ Македонија