Тој седи во фотелја затоа што знаеше каде треба да коленичи!
НОРМАЛНОСТ
Еден ден влезе кај мене едно ужас човече. Ниту гледа, ниту слуша, ниту може да
зборува. Се разбиравме со пишување на
ливчиња.
– Со кое добро ти на психијатар? – го
прашав пишувајќи му и мислејќи дека е
грешка и оти човечето веднаш ќе си оди
од таму каде што се упатило.
– Какво добро?! Си имам мака…- одговори тоа на мојот допис,… Запнале едни
странци хуманитарци да ми стават вештачко уво. Демек, не само што ќе сум слушал,
ами директно на уши ќе сум фаќал радио,
а ако сум запнал ќе сум имал и директен
пренос од нашето собрание.
– Супер!
– Тикви со расол! Сакаат да ми наместат и вештачко око. Како ново, со филтер
за автоматско надгледување телевизија,за
да не сум се контаминирал.
– Фантастично!
– Тикви! Од мев да зборувам да ме научат. Со луѓе човечки да се разбирам. Кои
луѓе?! Какво кутро разбирање!?
– Прифати го тоа веднаш! Па ти си луд,
човеку.
– Така е докторе. За тоа дојдов, јас сум
луд а ти само дај ми потврда дека сум луд.
– А зошто ти е таква потврда?
– За да ги убедам дека нема да ги злоупотребам тие нивни добрини. Зошто ми се?!
Вака ни е супер! Ни гледам, ни слушам, а
и што имам пак да зборувам?!
– Е, нема потврда!
– Како?!
– Така. Нека ти накалемат и очи и уста
и нос и уши и ти да бидеш малку нормален
како и сите ние.
– А зошто?
– За да видиш после како вистински се
полудува.Имаршнадвор, да те нема, себич –
њаковец низаеден!
Ванчо Полазаревски
ДВЕ ВО ЕДНО
На фраерите им се претствуваше како Стеки.
Затоа што крстеното име Стеванија е старомодно. На неа имаше што да се види. Зелени очи
полни со копнеж, набрекнати гради што копнеат
за допирање и со мерка пополнети панталони…
на што воајер не може да остане студен. Имаше
две хобија. Секс и разгледување излози. Фраери
и излози. Сексот, секако, беше на првото место.
Упатените дури беа уверени дека сексот не и е
хоби,туку главна професија. Затоа ја викаа Стев –
ка троцевка.
Стеки по секоја цена сакаше да има само едно
хоби, ама не можеше да се одлучи. Сепак, сосем
случајно, додека беше на море, најде решение
двете хобија да ги спои во еден. Да: две во едно.
Избра „постојано место на живеење” – нудистичка плажа. И таму до мила волја можеше да ги
разгледува излозите. Можеше во секоја доба на
денот да знае каква е понудата. Две во едно – за
Стеки беше полн погодок.
Саво Мaртиновиќ
Кога конечноми беше овозможено, оти –
дов во полицијата да го прочитам досието
кое три децении го водат за мене.
Бидејќи на пријавницата наМВРја оставив личната карта, две униформирани лица
ме воведоа во просторијата во која на едно
столчеме чекашерегистарсозелени картон –
ски корици, меѓу кои беа повеќе од шест
илјади страници.
На мое изненадување, еден полицаец,
оној повисокиот и покрупниот, остана во
просторијата и рече дека за време на мојот
престој ќе седи во спротивниот агол. Пред
да почнам да ги прелистувам хартиите,тој
ме предупреди дека не смеамништо да препишувам, копирам и да ги земам документите од купот.
Силно се изненадив кога веќе на првиот лист видов дека сите имиња, освен моето, се прекриени со бела,густа течност која
ги направи невидливи.
Прелистувајќи ги останатите документи не можев да прочитам име на ниту еден
доставувач, шпион и соработник на полицијата и државната безбедност. Оние кои
ме следеа, снимаа, пријавуваа, обвинуваа,
лажно сведочеа за мојата глава, беа потполно заштитени.
Се присетував дека поради нив бев во
затвор, испрашуван, отпуштан од работа,
дека ми го одземуваа имотот и граѓанските права, дека поради полицискиот ќотек
и тешките услови во затворите бев во болниците, дека со мене, освен ретко храбрите луѓе, никој не смееше да разговара.
Сепак најтешко паѓа што шпионите,
доставувачите и денунцијантите во вилите, резиденциите, министерствата, амбасадите, академиите, собранието… Нивните
имиња се покриени. Тие не се одговорни.
Ама некој, по човечка и божја правда, сепак, мора да биде виновен!
Сега, додека гледам во илјадниците
листови кои што ги испишаа против мене,
јасно ми е кој е тоа. Единствено неговото
име во досието не е покриено!
Александар Чотриќ
Најсреќен момент во мојот живот беше
кога отидов во затвор. До тогаш бев само
скромен службеник, во уште поскромна
фирма, без идеја, познанство и перспекти –
ва. Сметките за телефон, струја, вода,…
почнаа да ми се натрупуваат, а какошто не –
мав пари да ги подмирам, државата ме пра –
ти на месец дена во затвор.
Во почетокот тоа го сметав за голема
срамота за себе и својата фамилија. Ама,
кога конечно стигнав во бајбок сфатив колку грешам. Кого сѐ таму не запознав!
За несреќа,триесет дена брзо поминаа
и морав надвор. Ама, не губев ни секунда.
Веднаш дадов отказ во фирмата и основав
своја фирма. Процедурата за регистрација ми ја објасни мојот цимер од ќелијата,
инаку бившпретседател на Трговскиот суд.
Кога беше готово отидов во банката по
кредит. Името на мојот другар од затворот,
некогашен познат банкар, ми ги oтвори вра –
тите на кредитното биро. Со свеж капитал
веднаш почнав бизнис со увоз на резервни
делови за камиони. На граница немав никакви проблеми, кога цариниците слушнаа дека затворските денови ги поминував
со нивниот бивш директор, ми се поклонуваа до земја. Стоката ја испорачував на нашето големо комунално претпријатие, се
рабира на препорака на другарот од затворот, бивш директор на тоа исто претпријатие.
Како и секој талентиран бизнисмен,
многу брзо сфатив дека без добра реклама нема, па го повикав својот познајник од
затворот, некогашниот директор на државната телевизија. Неговата препорака
ми обезбеди ударни термини во рекламните блокови на радио и телевизија.
Секако, мојот работен успех не можеше
да помине незабележано. Едно утро во
канцеларијата ми влегоа двајца мускулести, кратко острижани млади луѓе. Бараа
да им плаќам месечен рекет во замена за
физичка заштита. Само се насмеав и го повикав на мобилен мојот пајташ од затворот, еден од водачите на познатиот криминален клан. Овие двајцата на прсти излегоа.
Општествениот углед сѐ повеќе ми раснеше, а со тоа и обврските. Сите наеднаш
сакаа да им бидам пријател и член на разни
друштва и организации. Попуштив само
еднаш и тоа на убедување на еден другар
од затворот, кој ме замоли да во негово отсаство станам член на управниот одбор на
нашиот познат фудбалски клуб.
Сега другарите ме наговараат да основам политичка партија и да ја освојам власта. Проблем е во тоа што за политиката
ништо не знам.Ако се решам на таков чекор,
ќе го повикам својот другар од затворот,
инаку бившшеф на државната безбедност.
Тојза формирање на партии и за освојување на власта, знае сѐ.
Бојан Љубеновиќ
Некој пратеник (веќе екс) на Продолжуваме со промената, именуваниот Михал Кам –
барев, даде интервју дека неговата партија
ќе разговара за предизборни коалиции со
ДБ и БСП.
Ајде, со ДБ – оди-дојди! Двете формации
имаат нешто генерално – тие се проевропски, ја осудија војната на Русија во Украина
и тие се против руската енергетска зависност.
Како на нив ќе им се приклучи БСП?
Не знае ли политичарот Камбарев, овој
млад промотор на промените, каква партија е „Позитивните“?
Да се биде млад не е порок, но да си глуп
– нема оправдување.
Камбарев добро ќе се снајде, со ранец на
грбот да оди во Бузлуџа – да види со своите
очи како изгледаат нашите бугарски социјалисти.
Толку се бугарскишто вееја руски знами –
ња. Тие носат дресови со чекани и српови
и сѐ уштежалатзаСССР,тие се на тезги и про –
даваат кригли со ликовите на Ленин, Сталин
и Путин. И лидерот Корнелија во нејзиниот
говор повикува „Пријателска“ Русија.
Руската влада ја прогласи Бугарија за
„непријателска“ земја и нѐ ни крати на секој начин од залихи на енергија, а за лидерот на БСП ова е „пријателско“ однесува-ње.
Целиот свет го осуди нападот на Путин врз
суверена Украина, само неколку земји демонстрираа пријателство – Белорусија, Сирија,
Еритреја… Заедно со нив и Корнелија Нинова.
Да го видел советот на Бузлуџа, младиот Камбарев можеби би се преиспитал дали
БСП е соодветен коалициски партнер. И ако
праша нешто постари луѓе, ќе му кажат како
БСП управуваше со Бугарија по промените
– и за партиите во Луканската зима, а за хиперинфлацијата во зимата… Од кутрите Бугари ќе научи дека БСП е вистинската партија на корупцијата.
Oд него потекнаа мафиите, групите, измамниците во банките и во енергетиката.
ГЕРБ дојде подоцна – дополнително да
го развие она што го започнаа црвените…
Нема срам во незнаењето и да се прашува – тоа ќе биде корисно не само за дотичниот Камбарев, а за останатите млади и
наивни политичари од
Продолжуваме со промената, кои маваат со старата комунистичката номенклатура
Бојко Рашков како знаме на антикорупциска.
Рашков е и знамето на демократите од
ДБ – право горе му најдоа прекрасен полицаец да му го вее!
Предизборно време е во кое и Демократска Бугарија мора јасно да каже: дали
се гледа со БСП во еден тим – пред или после избори?
Во тим со живи, милиции од ДС и јасни
путинисти.
Дали тоа ќе биде десница или патерица
за „Позитивните“?
Да се каже ДБ, а не да се извртува – како
што вртат и цицаат нејзините двајца водачи
– Кристо Иванов и Атанас Атанасов, кога ќе
се постави ова прашање.
Ако нашите „колебливи демократи“ се
уште се склони кон сојуз со „Позитивните“,
ние, нормалните гласачи со европска ориентација, многу ќе размислиме дали да ги
поддржиме.
Михаил Вешим
САТИРА МАТИРА
МИЛЕНИЧЕ
Здружението на пријатели на животните покрена петиција, да
оној кој ќе го напушти животното добива затвор. Мојот пријател
вели дека тоа веднаш ќе го потпише затоа што неговата жена
кон него се однесува како да е животно и дека тој ќе ја напушти.
Дали е тоа за постојано? – Ама не, таа мене ми е мила, само да
добие некој месец затвор, да види како ми е мене дома. Малку
да се опамети, па сите ќе бидеме попаметни и послободни.
ТЕСТИРАЊЕ
Синот се тестираше на опивки, ќерката на бременост, жената на
алергија, а јас, само јас што работам, на Ковид. И сега испадна
дека синот е труден, ќерката алергична а жената единствено
има Ковид, иако го преболе барем два пати и трипати е вакцинирана.
МАГЛА
Матен хохштаплер, шарлатански блефер, занесен циркузант…
Имаме ли ние некој наш збор? – Имаме, продавач на магла. А што
продава? – Па, рогови, гуски. Рог за свеќа и рог за магла. Кога
ќе ги симнеш роговите,ти останува свеќа за магла или магленка.
Гуски во магла, рогза магла и фаќај магла пред истата да се спушти. Магла, магла, насекаде околу нас.
Наѓан Думаниќ
Т`ГА ЗА ЈУГ
Девизни крила како да си метнам
и в наши ст`рни да си прелетнам,
на наши места работни да си идам,
еднаш годишно плата да примам,
да видам – дали сѐ уште таму
чекаат луѓе за доаѓање ваму!
Ако како овде сонце ме стрети,
ако пак тоа јалово свети
на пат далечен јас ќе се стегнам,
а в други ст`рни јас ќе побегнам!
До кога за едни сонце ќе грее
до кога на други зад грб ќе им се смее!?
Овде е мрачно и мрак ме обвива
и темна магла земја покрива:
мразој, снегој и пепелници
силни ветришта и виулици,
околу магла и неволји земни,
а в гради студој и мисли темни.
Не, јас не можам овде да седам
илјадници наши работници да гледам!
Дајте ми крилја јас да си метнам
и в наши ст`рни да си прелетнам!
На наши места јас да си идам
да видам жена, деца да видам,
Таму зората ќе ми ја грее душата,
иако имам долгови до гушата;
таму дарбите – природната сила
со сета раскош ги растурила;
море проблеми гледаш се белее
или од јак ветар – силно темнее!
Цени ли гледаш или загуби – планини
сегде божева е убавина!
Таму по срце в кавал да свирам
сонце да заоѓа, јас да умирам.
Живко Павлов