Андоновска со подршка за Саше Тасевски
Koга го осудија Марјан Доказ за говор на омраза кон бугарите се радувавте, сега мечката заигра и на ваша врата сепак му даваме подршка на Саше не сме ние лошите!
По академик Катица Ќулавкова, и деканката на Факултетот за музичка уметност од Скопје, Дарија Андовска, јавно застана во одбрана на актерот Сашо Тасевски, кој здруженија на Бугари во Македонија го тужат за наводен говор на омраза.
„Силна поддршка за Sasho Tasevski!
Додека сме нападнати од сите страни, постојат само малкумина кои, најчесто на своја штета, гласно зборуваат за вистината на тоа што ни се случува.
Меѓу нив е и Сашо. Може да не се согласувате со него или со начинот на кој го кажува неговиот став, но демократско право на секој поединец е да има сопствено мислење, а демократска обврска на секое развиено општество е да му се обезбеди правото да го каже сопственото мислење.
Без авторепресија, без репресија, без страв во овие тешки времиња, додека се бориме за своето право, за своите основни човечки права.
Силна поддршка за Сашо Тасевски!“, објави професорката Андовска на Фејсбук.