Се движел со опасна брзина пред Бисер, му забележале за дивјачкото возење, па изнервиран оти му приговорите за “фраеризмот”
Уапсен арачиновецот кој се обидел да убие две лица во Аеродром
Кривична пријава за триесет и три годишен жител на Арачиново за обид за двојно убиство во скопски Аеродром.
На 15.09.2023 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А. (33) од Арачиново поради основано сомнение дека на 11.09.2023 околу 02 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје и им нанел повреди.
Вчера (16.09.2023) од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело „убиство во обид“, по член 123 в.в. 19 и „насилство“ по член 386 од КЗ, и во текот на денот тој е изнесен пред Судија на претходна постапка по што му е одредена мерка притвор до судењето.
ЈО поведе истрага за обид за убиство во Скопје- се обидел да прегази две лица пред „Бисер“, па ги избодел со нож!
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, соопштија денеска од јавно обвинителство на Република Северна Македонија, за осомничениот е поведена постапка и за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
На 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето.
– Во моментот кога оштетените му забележале за опасноста што ја предизвикува, тој завртел со возилото и со голема брзина се упатил кон нив со намера да ги прегази. Тие се тргнале, па осомничениот излегол од автомобилот со нож во раката и на двајцата им нанел по четири убодни рани, предизвикувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Во тој момент се собрала поголема група граѓани кои почнале да викаат и му се спротивставиле на осомничениот со што го спречиле да го доврши кривичното дело, па тој се вратил во неговото возило и веднаш го напуштил местото, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го доврши обиденото кривичното дело.