Балкан

(Видео) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

t

 

Жена од Бихаќ со пендрек ги удираше сопругот и неговата наводна љубовница кога ги најде во локален ресторан. На видеото од инцидентот се гледа како жена со палка влетува во ресторанот, а мажот залудно се обидува да ги раздели.

– Е..ти мајка! Тргни се од мене! Ѝ реков дека не смее да дојде во мојата земја – извика избезумената сопруга.

И останатите гости се обиделе да ја смират, но таа не се откажа од намерата да се пресмета со жената за која мисли дека е љубовница на нејзиниот сопруг.

Инцидентот се случи во ресторан во населбата Рипач во Бихаќ, а вознемирената жена наводно ја позајмила палката од својот син, кој е полицаец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button