Новата директорка Рената на ДСЗИ со Вицето на прослава за дипломирање на ќерка му Е вака се стануе директор, А не ко некои што окапаа во партија и штабови
Која е новата директорка на ДСЗИ што доаѓа на местото на Сотирова-Бухова
Младеновска досега работела како специјалист по хигиена и здравствена екологија во ЦЈЗ-Скопје, а воено е и асистент на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје
Новата в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Рената Младеновска, доаѓа на оваа позиција од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје. Таму, според биографијата што ја споделија од Владата, таа има повеќегодишно искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.
„Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот ’Свети Кирил и Методиј‘ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент“,
велат од Владата.
Оттаму додаваат дека новата директорка на ДСЗИ е и авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството.
„Во соработка со повеќе меѓународни институции е и активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна“,
соопштија од Владата.
Младеновска, како што веќе објавивме, доаѓа на местото на Ирина Сотирова-Бухова која е разрешена од функцијата на денешната владина седница по нејзино барање.