Мицкоски: А зoшто да имам средба со Рот?
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека престанал да ги слуша пораките од власта. Според него, кохезијата во владеачката СДСМ е поделена на неколку структури и дека партијата наводно е демотивирана. Според Мицкоски премиерот Димитар Ковачевски нема кредибилитет во своите изјави.
Тој на прашање на новинарите објасни зошто немал средба со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа, Михаел Рот.
-А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Мојата информација е дека Рот беше тука поканет од невладина организација која одржуваше некаква конференција. Секој гостин кој што е добронамерен и кој што побарал средба со мене, ја добил или сме ја презакажале. Овој господин не побарал средба и очигледно не чувствувал потреба да се види. Никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите кои доаѓаат во Македонија, изјави Мицковски.