МакедонијаТоп 1

Абер нема за амнестија битно власта за себе си изгласаа, за другите во декември? Дајте за сите дела освен за педофили, не си играјте со животите на луѓето

Законот за амнестија за полесни дела се’ уште до никаде, измената за кривичниот законик кој ги намали казните на функционерите донесен експресно.

 

Експресно и без многу врева внатре во партиите, Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик со кои се предвидува намалување на затворските казни за функционерите кои ја злоупотребуваат својата должност и овластување, но од друга страна, се уште не е до никаде законот за амнестија на граѓаните кои сториле полесни кривични дела, за кои Министерството за правда во јули соопшти дека е подготвен.

„Предлог-законот за амнестија на полесните кривични дела е готов и деновиве се очекува да биде разгледан од 4-те пратенички групи, по што ќе биде процесиран во Собранието“, велат од Министерството за правда.

Министерот за правда Кренар Лога на крајот на август потврди дека законот е готов.

-Да, законот е подготвен и доставен до сите политички партии, во писмена форма е доставен и до мисијата на ЕУ и до амбасадата на САД. Известена е и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, некои забелешки се вградени во законот, некои други ги очекуваме во наредните недели и верувам дека во текот на месец септември ќе се внесе во собраниска процедура за да се одобри“,вели Лога.

Службите на Собранието тврдат дека ваков предлог закон се уште не стигнал до нив, а сега и од Министерството за правда велат дека законот е во завршна фаза.

„Предлогот на законот е во завршна фаза. Деновиве ќе биде испратен до пратеничките групи да ги дадат конечните оценки и да ги обработат во Собранието“, изјавија од Министерството за правда.

Од Министерството за правда велат дека во принцип сите партии се согласуваат со промена на законот, но пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова вели дека дури и тие се уште не го виделе законот.

Од Министерството за правда објаснуваат дека корист од овој закон ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се дадат дополнителни можности за ресоцијализација, а целта на законот е да се спречи пренатрупаноста во затворите и драстично да се ослободат затворските објекти, со што ќе се создадат оптимални услови за останатите затвореници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button