Гром удри дете во Бургас
Во бугарскиот град Бургас гром удрил во дете од 8 години додека било на плажа со родителите и сестрата.
Тргнале кон ресторанот и ги зафатило силно невреме кога решиле да побараат засолниште.
„Кога го удри гром, мајка му се јави на 911. Истрчав да проверам дали момчето е при свест. Мајката му дала вештачко дишење, а татко му му го масирал срцето“, рекол Никола, случаен минувач, кој случајно се нашол на плажата за време на невремето.
Во болница констатирале дека детето доживеало клиничка смрт.
„Благодарение на брзата реакција на лекарите од итната помош, кои веднаш му дадоа лекови и го интубираа, срцето на момчето повторно почна да чука“, изјави заменик-директорот на болницата, Светослав Тодоров.
Детето е сместено на одделението за интензивна нега и неговиот живот е во опасност.
„Првите 24 часа се критични. Направени му се нови тестови. Доби изгореници на градите и екстремитетите“, додаде Тодоров.
Момчето е во индуцирана кома и нема оштетување на мозокот. Закрепнувањето на момчето се очекува да биде долго и тешко.
Во Италија паѓаше град со големина на тениско топче, при што над 110 луѓе се повредени.