Свет

Петти ден по ред беснеат шумските пожари во Грција

Големи површини шума се уништени,  три села и хотел во планински дел на Родос, како и две села се целосно зафатени од пожарот во Мегара, каде поради безбедносните ризици властите наредија итна евакуација на населението. На терен се над 300 пожарникари, се гасне и од воздух и од копно.

Нов пожар во Грција- евакуирани 4 села – Kurir.mk

„Новите пожари кои ја зафатија Западна Атика поради екстремните врмеменски услови заземаа поголем замав. Затоа беше вклучен алармот за евакуација на 5 места, за жителите од местата Агиа Сотира, Палеокондура, Панорама, Палеохори, Агиос Јоанис, Кракаш, Киафас и Агиос Пантелејмонас.“, – Василис Ватракогијанис, Противпожарната служба на Атина.

Поради повторното разгорување сообраќајот на патниот правец Атина-Теба е во прекин. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека најлошото се уште не е завршено но вети побрзо обештетувања за граѓаните чии домови беа зафатени од пожарите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button