
dobar den sakam da vi ispratam nekolku informacii vo vrska so Daniela Koleva, pretsedatelka na forum na zeni na Sds ova sto vcera go objavi jordanka ivanova joci celiot raskos vo koj zivee koleva, ja nema sustinata na taa rabota a toa e kako e steknat celiot imot i parite Igor goran imeno celiot imot e steknat od strana na nejziniot pokoen tatko koj e generalen direktor vo feni i podocna od nejziniot soprug koj do stecajot 2017 godina e del od upravuvackata struktura na kompanijata. Igor goran Името на Бранко Колев за прв пат се појавува во јавноста во периодот кога компанијата Фени оди во стечај во 2017 година, како високо етаблиран во раководните структури на компанијата во тој период. Во тој период сопственик на Фени е Кунико ресурси. Постојат одредени докази кои излегуваат во 2018 година дека стечајот на Фени не е случаен, туку истиот е планиран од страна на компанијата Кунико. Фени во тој момент има побарувања од компании на Групацијата Кунико, и тоа 6,2 милиони американски долари од ‘Фероникели’, 11,8 милиони американски долари од ‘Кунико маркетинг’, 21,1 милион американски долари од ‘Кунико ресурсис’ и 1,1 милион американски долари од ‘Гуаксилан’. Вп тој период наместо да се наплатат овие побарувања на Фени, сопругот на Даниела Колева, адвокат Бранко Колев, заедно со Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал прават нелегален отпис на побарувања во висина од 51 милион американски долари, со што ја праќаат компанијата во стечај, а со тоа во неизвесност егзистенциите на голем број семејства од Кавадарци. Заради овој нелегален отпис на побарувања направен во 2016 година, стечајниот управник поднесува кривична пријава против сопругот на Даниела Колева, адвокат Бранко Колев, Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал, кои се носители на функции во „Фени“, пред да отиде во стечај, и против „Кунико маркетинг ФЗЕ“, под сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување, злосторничко здружување и фалсификување исправа“. Врз основа на извршените контроли и врз основа на извештаите од Управата за јавни приходи биле откриени докази дека докази дека тужените Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал, Бранко Колев, сопруг на пратеничката Колева, во 2016 година извршиле незаконски дејствија со кои го оштетиле комбинатот за 51 милион американски долари. Со тоа директно придонеле да компанијата Фени замине во стечај а со тоа на цедило ги оставиле околу 800 вработени, како и многу компании, транспортери кои егзистираат од компанијата. Компанијата на крајот замина во стечај, а кривичните пријави против сопругот на Колева, Маниш Агарвал и Јусуф Миракхмедов, за штетата направена на компанијата сеуште стои во некоја од фиоките на јавното обвинителство, а дел од кривичните пријави со влијанијата кои ги прави оваа групација, се отфрлаат како и се што е криминал во државата како неосновани. Периодот кога се отфрлани дел од кривичните пријави, соодвествува со периодот кога сопругата на Бранко Колев, Даниела Колева влегува во политиката како пратеник од СДСМ. Важно е тоа што за претходниот стечај на Фени, никој не одговараше и не сноси никаква кривична одговорност.