BusinessЗанимливостиМакедонијаТоп 1

Бидејќи се прашувате кој е овој господин лапач на државни пари? Марковски

Игра со сите Влади милијардер стана битолскиот лопов Борче

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ

Битолската „Марковски компани“ во периодот од 2019 до 2023 година склучила 77 договори за јавна набавка во вредност од 151 милиони евра, од кои 66 договори биле склучени со ЕСМ, а нивната вкупна вредност изнесувала 141 милиони евра. Меѓутоа, најголемиот од овие договори на битолската фирма во сопственост на белорускиот конзул во земјава, Борче Марковски, беше раскинат од страна на државната компанија за производство на струја поради неодговорно, нестручно и ненавремено реализирање на обврските. Станува збор за договор тежок 46 милиони евра, при што 10 отсто од работата им припаѓал на тројца подизведували, меѓу кои се две струмички компании поврзани со семејството Заеви – „Сим инженеринг“ и „Јавор транс“. Инаку, ова не е единствената јавна зделка каде функционирала истата комбинација…

Непосредно пред политичките промени на средината на 2017 година, актуелниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски излезе во јавноста да соопшти дека ЕСМ/ЕЛЕМ склучил уште еден голем договор за јавна набавка вреден 5 милиони евра со Марковски Компани, која, како што рече тогаш опозиционерот Ковачевски, е блиска на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, прв братучед на екс премиерот Никола Груевски.

Но, оваа компанија продолжи да добива тендери од ЕСМ/ЕЛЕМ и по промената на власта и раководството на државната компанија за производство на струја, па дури во овој период го зголеми растот. Така, ако нејзините приходи во 2018 година изнесувале 361 милиони денари, во 2019 година скокнале на 614 милиони денари, за ланската година да ја заврши со приливи од рекордни 778 милиони денари и добивка од 132 милиони денари.

Само во последните 12 месеци, компанијата склучила десетина договори за јавна набавка, при што на средината на годинава добила тендер од ЕСМ за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино во вредност од над 700 милиони денари или над 11 милиони евра. Потоа, двете страни во истиот период склучиле и договор за кровинска јаловина од 342 милиони денари или  5,5 милиони евра. Итн.

Што се однесува до последната непосредна спогодба вредна скоро 19 милиони евра, таа доаѓа во време кога државата се соочува со сериозна енергетска криза, поради која се обидува да увезе јаглен од странство, а во меѓувреме во неколку наврати влече струја од европскиот систем. Паралелно со тоа, државната компанија информираше дека, како дел од мерките за намалување на трошоците, ќе испрати работници на принуден одмор.

Zoran Bozinovski 

Follow
5 д. 
КОЛБАСО ЛЕТА ПРЕКО БЕЛОРУСИЈА ДО ВИЕНА!
Почесниот конзул на Белорусија во Македонија, експонент на диктаторот АЛЕКСАНДАР ЛУКАШЕНКО, мултимилионерот БОРЧЕ МАРКОВСКИ, раководи со операцијата КУПУВАЊЕ СТАН ВО ВИЕНА за Васко Ковачевски КОЛБАСО!
Марковски незаконски доби десетици милионски тендери во евра, во колаборација со екс директорот на РЕК и ЕСМ, КОЛБАСО, а тој е под повеќекратна истрага заради кои може лесно да заврши во притвор па да почне да ,,пее,, колку го држи глас!
Затоа, Марковски кој одамна поседува стан во Виена, каде неговата сопруга Ивана му го роди третото дете кое посака да биде АВСТРИЈКА по место на раѓање. Марковски заедно со екс министерот во владата на ДПМНЕ, ИВО ИВАНОВСКИ, го трансферираат КОЛБАСО во Виена за да го спасат него ама и себе, да не ги ,,испее,, во евентуална кривична истрага проследена со притвор!
Паралелно со оваа операција, БОРЧЕ МАРКОВСКИ го пазари и министерот за траснпорт и врски, ЛИГЊА НИКОЛОВСКИ, кој за да го изрекетира прво јавно се закануваше дека кога ќе дојде на власт ќе го затвори, а откако дојде на власт веднаш му суреди добивање на милионски тендер во евра минатиот месец…
Можно е да е слика од 4 луѓе, Овалната канцеларија и текст

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button