МакедонијаТоп 1

Еден од врвните приоритети на општина Кисела Вода e грижата и подобрyвање на квалитетот на животот на младите лица

👩‍❤️‍👨 Отвораме канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови
☝️Еден од врвните приоритети на општина Кисела Вода e грижата и подобрyвање на квалитетот на животот на младите лица.
✍️ Со потпишување на меморандумот за соработка со претседателката на Здружението на социјални работници, проф.д-р Светлана Трбојевиќ, ќе отвориме Канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови.
🙋🏻‍♂️ Стручни професионалци ќе бидат вклучени во давањето на социјална поддршка на младите парови при подготовка за брак, стручна помош во информирање и упатување за остварување на нивните права од системот на социјална заштита, зголемување на нивната свесност за можните социјалните проблеми кои можат да се јават во текот на нивното заедничкото живеење како и позитивното родителство.
🛋️ На Здружението на социјални работници на град Скопје им обезбедивме простор во населба Кисела Вода, додека тие го обезбедуваат стручниот кадар-тим од стручни работници кои ќе даваат стручна помош и поддршка.
⏰ Канцеларијата ќе работи во среда од 16:00 до 20:00 часот и сабота, од 10:00 до 16:00 часот.
✅ Стручната помош и поддршка од страна на тимот се бесплатни.
☎️ Потребно е претходно да се закаже термин на телeфонскиот број 02/3212 690.
Можно е да е слика од 1 лице и брада

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button