(ВИДЕО)Заев и Филипче ја оставија Македонија да тоне, се фрлија во освојување на енергетскиот пазар на штета на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ. Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало? Реалноста која ни ја остави владата на СДС е корупција и криминал, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга. Што правеа додека беа на власт Венко Филипче и Зоран Заев?“ прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат „додека Филипче и Заев беа на функции во централа власт ги интересираше само како да ги наполнат сопствените џебови“.
„Нивните браќа пак подеднакво ги искористија функциите. Никола Филипче и Вице Заев заедно работеле како да се усвои енергетскиот пазар. Соларна централа на атрактивна локација од 23.000 метри квадратни на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција е направена рекордно брзо, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се во централна власт во Македонија. Дополнително, во Петрич, Бугарија се вртат милионите на Венко Филипче. Место каде претходно се регистрирани фирми на фамилијата Заев“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.