ЖивотЗанимливостиТоп 1
Данела не го среди кејот, ама Перински од догодина ќе го среди…имаме уште еден добар кандидат за градски татко
Во рамки на активностите за директна комуникација која ја остварувам со граѓаните преку spodeli@mls.gov.mk, го посетив Кејот на Вардар во централното градско подрачје.
Последна од повеќето пораки која стаса во врска со Кејот, беше од Akka run club, чии членови велат таму секојдневно се рекреираат, трчаат, возат велосипед, вежбаат и ми се пожалија дека спортско рекреативната зона е во лоша состојба.
Според нив, во делови Кејот е претворен во паркинг простор, поголем дел од постоечката урбана опрема е оштетена, недостигаат канти за отпадоци, трим патеката во делови е непроодна, а потегот нема ни соодветно осветлување.
Се согласувам дека е така. И јас често се рекреирам на Кеј.
Фитнес зоната и скејт паркот речиси и да не се функционални, реквизитите се оштетени, некои дури се и небезбедни. Конструкции сведочат дека некогаш на Кејот имало и спортско рекреативни содржини, кои сега само претставуваат опасност при движење.
Во случајов, немам ингеренции да делувам за санација на просторот, но преку медијаторство, како алатка која ја практикувам со „сподели“ платформата, испратив допис до надлежните градски власти со молба за интервенција.
Се надевам дека час поскоро ќе делуваат во интерес на илјадниците граѓани кои го користат Кејот за рекреација и ќе ги преземат сите неопходни активности тој да добие лик каков што заслужува.
Впрочем, Кејот е и еден од најпретпознатливите белези на Скопје.