Истрагата се шири: Преку Еуростандард банка префрлани се пари во Турција, покажуваат сознанијата околу случајот на Крмзов
Дел од парите на Еуростандард банка се префрлани во Турција. Над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција покажува истрагата на надлежните органи околу случајот на Крмзов.
Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен за злоупотреба на парите. Биле подигани пари од Еуростандард банка, а тие биле префрлани на сметки во Турција.
Семејството Крмзов имало веројатно спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети од поранешен сомнеж за криминал веројатно биле чувани во фиока. Ако не било така, упатените коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.
Воедно истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на царинска управа се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови. Фрапантно е како директорите на УЈП Лукареска, директорите на Централен Регистар и тогаш на Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал, затоа за очекување е предистрагата да ги вклучи и овие лица во случајот.
Се повеќе луѓе почнуваат да зборуваат и случајот се шири и до компании кои стигаат до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.