Топ 1Црна Хроника

Кај Крмзов кој е близок до Заеви, пронајдени дијаманти: Сомнеж за проневера од повеќе десетици милиони евра

Денес надлежните институции се очекува да изнесат повеќе информации.

Можно е да е слика од 1 лице и текст

БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов.

Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата.

Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

КУРИР дознава дека кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш парични средства.

Инаку пред 4 години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.

„Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата“, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Денес надлежните институции се очекува да изнесат повеќе информации.

Да потсетиме..
Пред 4 години јавно изнесовме детали за организиран шверц од страна на фирмите и луѓето од Струмица кои вчера беа предмет на истрага и претрес, но тогаш цело МВР на чело со Оливер Спасовски вршеше притисок кон полициските службеници да се сокрие и стави под тепих случајот.
Од ОЈО тогаш ни глас, ни реакација да се чуе за тогашниот изнесен случај на шверц.
Денес после цели 4 години, кога нема кој да ги штити, дојде време да одговараат за нивните криминални дејанија.
Тогаш јавно им порачав дека еден ден ќе одговараат за сѐ, си се смееја. Денес, одговорноста полека ги стига.
Само напред 👏👏👏

Можно е да е слика од 2 луѓе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button