Топ 1Црна Хроника

Полиција упадна во фирма на Заеви: Инспектори и претреси во „Вила Парк

Полиција упадна во фирма на Заеви: Инспектори и претреси во „Вила Парк“

Инспектори влегле во „Вила Парк“, сопственост на семејството Заеви во центарот на Струмица, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, се прави претрес и се конфискува документација и компјутери, поради финансиски малверзации. Инсепкторите се во објектот подолго време, а неофицијално се испитува даночно затајување, но и други индиции за сторен криминал.

„Скопје1“ го контактираше експремиерот Зоран Заев, за потврда околу акцијата, но тој не одговори на телефонските повици. Одговори очекуваме и од Министерството за внатрешни работи, чии инспектори ја испитуваат работата на фирмата на семејството Заеви.

Повеќе детали најавуваме за подоцна.

На полициски разговори се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми за кои се сомневаат дека функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници.

Наводно, целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните за неколку десетици милиони евра.

Неофицијално, во случајот се вмешани луѓе кои важат за блиски до највисоките структури на претходната власт, а под полициска опсада е и познат ресторан во Струмица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button