Македонија

ВМРОВЦИ НЕ СЕ ПИШМАН АЏИИ КАКО СДСМОВЦИ Бранителите ја имаат поддршката на Мицкоски, законот нема да се повлече

Измените на законот со кој на бранителите ќе им се зголемат привилегиите го предложи СДСМ кога беше на власт, но таа партија не дозволи тој да влезе во собраниска процедура. Премиерот Христијан Мицкоски на бранителите им вети поддршка, а на граѓаните им порача да не наседнуваат на меѓуетнички провокации.

Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со ставот на коалицискиот партнер Вреди, кој вели дека ако се донесат измените на Законот за бранителите, треба да се донесе и закон за правата на поранешните борци на ОВК.

– Овој закон е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска, односно од СДСМ, а интересно, кога се гласаше потребата од дневниот ред, СДСМ ја напушти седницата. Значи, самата пратеничка и СДСМ не го поднесоа законот затоа што им мислат добро на бранителите, туку за да создадат повторно етнички тензии, етничка нетрпеливост, зашто тоа е картата на која и тие и другите опозициски партии, без разлика дали се од албанскиот или македонскиот блок, ќе играат во периодот што следи. Мојот совет до граѓаните е да не наседнуваат на ова, затоа што состојбата е стабилна, конечно почнуваме да се развиваме, расте индустриското производство, расте преработувачката индустрија, инфлацијата се намалува, инвестициите започнуваат, растат пензиите, се враќаат субвенците на земјоделците – сето она што е потребно да се развиваме како држава, се случува – рече денеска Мицкоски.

На прашање како ќе се надмине ситуацијата со оглед на ставот на Вреди, премиерот повтори дека бранителите ја имаат неговата поддршка. Во врска со ставот на Вреди дека измените на Законот за бранителите е напишан во Речица, а предложен од СДСМ, Мицкоски рече дека „Речица и Бихаќка имаа седум години можност да разговараат на овие теми“.

– Јас ви кажав која е тоа е целта, тоа е начинот како ќе функционираат. Tие не можат поинаку да мобилизираат луѓе, затоа што голтари влегоа во политиката, а милионери излегуваат, Командантите стануваа милионери, тоа е суштината на тоа што прават 20 години. А бранителите ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка – рече премиерот Мицкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button