МакедонијаТоп 1

Паланчанецот Срѓан Захариевски на чело на #Вардар како нов тренер на најтрофејниот македонски клуб.

Паланчанецот Срѓан Захариевски на чело на #Вардар како нов тренер на најтрофејниот македонски клуб.
Иначе, како играч на FK Vardar од 2001 до 2004 година има 98 наступи у кои има дадено 19 голови (меѓу кои има дадено гол на Рома на Градски у Скопје). А за репрезентација на #Македонија има 22 наступи и 3 гола. ⚽
Кариерата гу почиња у #Бентос од Крива Паланка, па у Маџари Солидарност, па у Силекс од дека у 1998 година, за рекорден трансфер од 1.300.000 тогaшни германски марки (неофицијално са уствари 1,8 милиони марки што е солидно дебела пара у тој време), иде у Штутгарт како најскуп фудбалер кој од македонски клуб отидел у странство. 💪💰
Сумата што гу платил пет-кратниот првак на Германија за него уште е у топ 5 за трансфер на наш фудбалер од македонското првенство у странство.
После тој има играно у првата португалска лига, па од 2001-ва до 2004-та га носеше дресот на Вардар. После играше у три грчки клубови, па Тетекс и на крај у Металург, каде гу заврши кариерата у 2012-та година.
Како тренер ги има водено Металург и Пелистер, а у последните 4 години ги водеше екипите на Струга ТЛ и Воска Спорт.
Има 8 #трофеи како играч и тренер у #Македонија, а двапути беше прогласуван за #НајдобарФудбалер у Првата лига.
Крива Паланка има на кого да е горда, честитки Срле и уште многу успеси и трофеи со црвено-црните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button