МакедонијаТоп 1

ЧЕРГАР БЕШЕ ЧЕРГАРИ ОСТАНАА МИЛИОНЕРИ AMA МРСОЛИ ИМ ТЕЧАТ, А НЕ СИ ГИ ПЛАЌААТ ДАНОЦИТЕ ПАНЧЕ ЗАЕВ КРАДЕШЕ СТРУЈА ЗОРАН И ВИЦЕ ЗАЕВИ ЕМ КРАДАТ ЕМ ДАНОЦИ НЕ ПЛАЌААТ

Фирмата Сара-Јавор Инженеринг ДОО од Струмица има долг од неколку милиони денари за неплатен Данок на додадена вредност (ДДВ) и на Данок на добивка, и’ е ставен на Листата на должници која денеска ја објави УЈП.

Оваа фирма е сопственост на Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Сара-Јавор Инжинеринг на државата и’ должи 5,884.888 денари за неплатен ДДВ и плус 2,180.693 денари за неплатен Данок на добивка, наведено е во Листата на должници на УЈП.

Своевремено, во 2013 година, кога Сара-Јавор Инженеринг беше напаѓана во јавноста дека добивала милионски тендери од општината Струмица, тогаш од СДСМ соопштија:

Господинот Вице Заев, брат на претседателот Зоран Заев, станува сосопственик во фирмата Сара Инжинеринг, во јули, 2013 година. Значи зборуваме за тендер што е доделен пред 2 години, кога совршено е јавно дека немало допирни точки на фирмата со семејството Заеви, велеа тогаш од СДСМ.

Инаку ова не е прв пат фирми на Вице Заев да должат милионски суми за данок на државата. Пред две години од ВМРО ДПМНЕ јавно објавија дека фирми во кои сопственик е братот на Зоран Заев должат над еден милион евра данок.

Управата за јавни приходи, денеска, ја објави листата на должници за доспеани долгови до 30 ноември 2023 и неплатени до 29 февруари годинава по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.03/2024 објавени се 1.801 правни лица (помалку за 71 од претходната листа) и 3.606 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button