МакедонијаТоп 1

ОЛИ БЕЕ ПОСЛЕ ОВАКВО САМОУТЕПАНСТВО НЕ ПРЕЦЕДНИК ТИ ДУШО ВРАТИ СЕ У КУМАНОВО И ЛЕПИ ПЛАКАТИ БИДЕЈЌИ ТИ СЕ СМЕЕ ЦЕЛА ДРЖАВА, А ШЕЌЕРИНСКА И ЗЕКО ПОДМОЧУВААТ ОД ГЛАСНО СМЕЕЊЕ

No description available.

 ДО КРАЈОТ НА ЕМИСИЈАТА НИ НЕГОВИТЕ ОД ДОМА НЕМА ДА ГО ГЛАСААТ! Оливер Спасовски се обрука во „Топ тема“

На прашањето дали после „дебаклот со издавањето на документите има кредибилитет да биде дел од понудата на СДСМ со коалицијата за претседателски кандидат“, Спасовски рече дека има „силен кредибилитет“. Настапот на поранешниот министер за внатрешни работи и еден од потенцијалните кандидати на СДСМ за претседател на државата, наиде на остри критики во јавноста.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма немаше рационално објаснување на ниеден факт поврзан со хаосот со замената на личните документи за кој вината ја префрли на граѓаните кои според него, имале можност, ама не ги замениле навреме документите.

Спасовски не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето лични документи, пред се патните исправи. Според него, како што рече вечерва во гостување на ТВ Телма, биле создадени сите предуслови граѓаните навреме да ги заменат документите. Кривичните пријави поднесени од ВМРО – ДПМНЕ и од партијата „„Движење за наша Македонија – ЗНАМ“ на Максим Димитриевски, Спасовски смета дека се политички мотивирани.

На новинарско прашање дали би дал оставка ако денес е министер за внатрешни работи затоа што 634 988 граѓани не можат да излезат од државава, Спасовски нагласи дека никогаш не одговарал на хипотетички прашања, но дека додека бил министер редовно ја следел целата состојба.

Прашан дали се чувствува одговорен за тоа што на 28 јануари 2024 година напуштајќи го МВР знаел дека нема да можат да ја исполнат една од најклучните обврски на РСМ сите патни документи да бидат сменети до 12 февруари 2024 година, екс министерот за внатрешни работи Спасовски одговорот го даде со појаснување на законските процедури.

За тоа дали се уште смета дека на ниту еден од  634 988 илјади граѓани кои останаа без патни документи не треба да им каже извинете, можеби згрешив, не соодветно планирав или на кој било начин да им се извини, Спасовски, во „Топ тема“ не се извини.

– Сите оние што поднеле барање да се заменат документите, тоа треба да го направат низ системот на МВР – одговори Спасовски на прашањето дали ќе се извини на кој било начин.

Во однос на кривичните пријави поднесени од ВМРО – ДПМНЕ и од партијата „„Движење за наша Македонија – ЗНАМ“ на Максим Димитриевски, истакна дека е тука да одговори на сите прашања што се поставуваат.

– Тука сум да одговорам на сите прашања кои што се поставуваат. Има две кривични пријави од партии кои беа поднесени вчера во јавното Обвинителство. Тие кривични пријави ги сметам како политички мотивирани. Не се засновани на правото, ниту говорат нешто во однос на правото. Има институции во државата, има постапки низ кои ќе се отвори целиот процес, ќе се прибават сите документи, сите докази и врз основа на тоа ќе се носат, веројатно, и одлуките – изјави Спасовски.

На прашањето дали после „дебаклот со издавањето на документите има кредибилитет да биде дел од понудата на СДСМ со коалицијата за претседателски кандидат“, Спасовски потенцира дека за понудата одлучуваат органите на партијата врз основа на анализите што ги има партијата. Инаку, како што рече, имам силен кредибилитет. Како ќе се одвиваат постапките и кои одлуки ќе донесе партијата и дали тие одлуки ќе се базираат на поединечна желба, амбиции итн…, потенцира, не е важно.

– Поединецот во целата оваа приказна е беззначаен, важно  е тоа што треба да го направиме сите заедно за джравата, а тоа најдобрите кандидати и најдобрата понуда, рече Спасовски.

Настапот на поранешниот министер за внатрешни работи и еден од потенцијалните кандидати за претседател на државата во емисијата на ТВ Телма наиде на остри критики во јавноста.

„Оливер Спасовски доби нокаут во живо на Телма“, „Христов му кажа сè што граѓаните сакаат да му кажат на неспособниот Спасовски“, „На Топ Тема имало масакр во живо“- се само дел од реакциите на социјалните мрежи.

„Значи до крајот на емисијата ни неговите од дома нема да го гласаат…“ – напиша директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајковска.

 

ВИДЕО ТУКА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button