МакедонијаТоп 1

БОКИЦА СЕ ИЗЛЕЖАВА КАКО БОЖИЦА ВО ГРАДСКА, А ЗАТВОРИТЕ ГИ ПОЛНИТЕ СО ЛУЃЕ КОИ НАВРЕДИЛЕ НЕКОИ СИ ДЕМЕК НОВИНАРКИ

Над 2500 осуденици чекаат да влезат во затворските ќелии бидејќи нема слободни места. Во меѓувреме дел од нив по вторпат, па и по третпат ги повторуваат делата за кои биле првично осудени..

Просторот и состојбата во затворот Идризово не дозволува да престојуваат и оние што се внатре, не па да дојдат ново старите затвореници

Во 4 метри квадратни наместо по двајца, казна затвор издржуваат по 8 затвореници, а место нема ниту за душеци на земја, пренатрупеноста и условите во затворите се вечна критика во извештаите на меѓународната заедница. Директорот на затворот Идризово за Алфа појаснува дека главниот проблем е просторот бидејќи затворениците се поделени во неколку одделенија и не смее меѓусебно да се мешаат.

 

Околу 1200 затвореници издржуваат казна во овој момент. Најпроблематично е затвореното одделение каде казна издржуваат осуденици за тешки кривични дела и тие не смее да бидат сместени надвор од тоа одделение. Просторот навистина е проблем, нема место ниту во ќелиите, ниту во одделенијата. Ако треба во една ќелија да се сместени по двајца, од што нема простор се сместуваат и по 8 осуденици, вели Зоран Јовановски, директор на КПУ Идризово.

Вратите на ќелиите каде се сместени затвореници осудени на доживотно не се затвараат  и се неисправни, а исто така пропадната е и американската донација од 1 милион евра за скенер и проверки при влез во затворот, откриваат извори за Алфа. Кој и зошто пуштил стаорци во просторијата каде бил сместен скенерот е тајна која никогаш не е откриена, а со тоа олеснет е и влезот на забранети стоки внатре.

И народниот правобраниел Насер Зибери при редовните контроли во Идризово изнесе шокантни информации. Според него во 14 метри квадрати спијат и по 15 лица, за некои од нив нема ни душеци, а останатите спијат на кревети на четири спрата. Најзагрижувачка состојба според Зибери има во четвртото крило. Таму се сместени  над 120 затвореници од кои 36 спијат на под во ходник и користат заеднички тоалет. Има и затвореници кои спијат на ист кревет, во смени или заедно, бидејќи нема место

Еден од главните проблеми според обдусманот е и тпоа што често се менуваат директорите на Идризово, па така, од декември 2021 до јуни 2023 сменети биле четворица менаџери на затворот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button