Рашковски со повеќе од 190 илјади евра бара да излезе на слобода, пуштете го греота е човек што има пари да се нервира колку тажна фаца направил, оние што немаат да платат нека седат по затвори
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој е првостепено осуден на осум години затвор во случајот „Софтвери“ понудил гаранција од над 190 илјади евра за да излезе на слобода, односно од куќен притвор.
Кривичниот совет при Кривичниот суд му ја прифатил гаранцијата, но поради жалбата на Обвинителството сега ќе се чека конечна одлука од Апелациониот суд.
-Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот, соопшти Кривичниот суд.
Од Кривичен објаснуваат дека сепак ова е неправосилно решение и предметот на одлука ќе биде доставен до Апелациониот суд.
-Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд, додаваат оттаму.
ЗА ПОВЕЌЕ ТУКА