МакедонијаТоп 1

МАКСО ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ ЈА ПРОМОВИРА НОВАТА ПАРТИЈА Ќе се вика ЗНАМ, aма НЕ ЗНАЕ дали Бранко ќе седне во прв ред

Вечерва (понеделник, 9 октомври) во 20 часот хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи промоција и потпишување на иницијативата за формирање нов субјект на политичката сцена во земјава на нова политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија.

Основач на оваа партија е Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и поранешен истакнат член на СДСМ.

Се очекува иницијативата да ја потпишат 10 граѓански здруженија.

Димитриевски ги повика сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел, како што вели, да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

– Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ – повика Димитриевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button