Македонија

Касами: Нема да гласаме за уставните измени, да живее ВМРО ДПМНЕ!

Лидерот на Движењето Беса, во неделното интервју за Радио Слободна Европа порача дека пратенците од неговата партија нема да гласаат за измените на Уставот, се додека не се исполни нивниот предуслов за промена на формулацијата јазикот што го употребуваат 20% од граѓаните во албански јазик.

-Ние сме недвосмислено за уставните измени, бидејќи тоа го убрзува нашиот пат кон ЕУ. Но Владата покажа уште еднаш дека не е заинтересирана да ги турка напред уставните измени, отколку што е заинтересирана да ги преживее и последните денови и да го тера мандатот до крај. Зошто?

Ние како движење пуштивме формално барање но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да влезе и промена на формулацијата на албанскиот јазик од „јазикот што го зборуваат 20 посто од граѓаните“ на формулацијата „албански јазик“. Владата не чувствува ни најмала одговорност тоа да го стави во процедура без да има обврска во Собранието да ни ги обезбеди гласовите. Сѐ додека владата не гледа интерес да го слушне нашиот глас, нема да гласаме за уставните измени. Нашата позиција е јасна, изјави Касами.

Касами во интервјуто вели дека не е возможно предизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, додава дека дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ.

Во однос на претстојните претседателски избори лидерот на Беса, најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button