Веројатно првата помисла ви беше дека она што првично ги поврзува Сузана Газавова и Јелена Карлеуша е тоа што и двете се пејачки, што е така, но двете колешки од преку граница ги поврзуваат уште неколку нешта, па дури и такви за кои не би ни помислиле и воопшто не ви паднале на памет.
Заедничко на двете им е што долги години опстојуваат на сцената, негуваат иста љубов кон музиката, кон животните, од рана возраст почнале со кариера, двете имаат по две женски чеда, сакаат провокативна облека, имаа речиси иста висина, а сигурно има уште некои нешта во кои двете би се нашле на иста феквенција.
Социјалните мрежи се прозорец кон животот на сите, па и на познатите, па токму оттаму, односно од нивните густо набиени „стори“ на Инстаграм дознавме дека и двете сакаат градинарство и свежи домашни и органски овошја и зеленчуци, и тоа израснати на балконот од својот дом.
Карлеуша од вилата на Дедиње, а Гавазова од вилата во Дојран.
Па така и двете атрактивни пејачки одгледуваат домати на терасата, додуша Гавазова струмички домат од покрупните, а Карлеуша шери.
Сеедно, пејачките и двете сакаат сигурна и здрава храна за себе и своите најблиски.
Одгледување и насладување за сопствен мерак. Што е сигурно, сигурно!
фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Карлеуша, Сузана Гавазова