Живот

„Психијатриски пациенти, убијци во обид и поранешни осудени лица. Кој се пишува книги за деца?“

fb status

Ако во документите кои ги имате на увид можете да прочитате дека жена му нанела убодна рана на маж, во тогашно својство на сопруг, а потем трчала низ улица со нож, додека тој бегал да бара помош во соседството и обилно крварел ( кривична пријава бр. 28.11.3-1135 – со статус на доверливо, позната на нашата редакција) дали можете да заклучите дека намерата била жената да го „докрајчи“ или „доврши“ она што веќе почнала да го прави, односно да го убие мажот? Ако со нож трчаш кон некој што е веќе сериозно повреден од убодна рана, сигурно не користиш нужна одбрана, туку имаш намера да му зададеш уште кој знае колку убоди, а само среќа може да го спаси од фатален исход.
И покрај фактор време, со однос на сериозноста на последиците, не е грешка доколку некој што сторил вакво дело го нарешеш „убијец во обид“, бидејќи не постои категорија поранешен убијец во обид оти веројано влакно фалело да не направи исход – убиство?
Ако во полициски билтен прочиташ дека истата личност била однесена во психијатриска установа, а од увид во отпусно писмо знаеш дека таму дури двапати била хоспитализирана подолго време, смееш ли да ја наречен „психијатриски пациент“? Или можеби овие именки и придавки би требало целосно да ги избришеме од Дигитален речник на македонски јазик затоа што некого пази молим те „го навредувале“.
Кога ќе дознаеш дека истата личност која нанела убодна рана на друго суштество, бркајќи го со нож да го докрајчи и била хоспитализирана на психијатрија по тој настан пишува литература за деца, сликовница „Рисот Ристе“ која сака да ја вметне во образовниот процес на најмалата генерација во предучилишна и училишна возраст, а при тоа си новинар дали ќе постапиш по својата новинарска должност и етика и да го поставиш легитимното прашање: Кој се има право да пишува книги за деца?
Епа јас го поставив тоа прашање и изработев новинарска сторија за НВО Диверзиум на која секако од авокатката Марта Гусар, како позната застапничка на НВО теми добив „Барање за извинување и јавно повлекување“ (читај закана) со назнаки дека ќе бидам тужена и ќе одговарам согласно Закон за јавна клвета.
Како новинар, кој се среќавал со теми од различен карактер, но и како човек, без разлика на тоа што сум жена и женската приказна ми е секогаш многу поблиска и солидарна, секогаш се водам од начелата на праведност и со оваа објава сакам во јавноста да начнам прашање: Дали е доволно жена (во постапка на семејно насилство) само врз база на своите поплаки, пријави и изјави да се претставува како жртва на семејно насилство и НВО секогаш да има презумција на вина водена од претпоставката дека насилството има машко лице и мускули?
Во својата новинарска работа, досега се сретнав со сведоштва на татковци од Иницијативата за рамноправно и одговорно родителство кои со години, месеци или недели не ги имаат видено своите деца, соочувајќи се со постојани барања од мајките да се покачи висината на износот за плаќање на алиментација и со постојани лажни пријави за семејно насилство кои повлекуваат ограничување на остварување на родителско право додека постапката е во тек (без разлика на тоа што подоцна ќе се потврди дека пријавите се лажни, татковците поминуваат голем временски период да не си ги видат децата). До мене стигна и сознанието за случајот со индиска државјанка која по основ на тоа што се омажила за македонски државјанин, се преселила во Македонија и драстично го сменила својот социјален статус (била припадничка на низок кастински слој во Индија), но одлучила да се разведе и по разводот редовно ги корстела системските алатки да го ограничува правото на таткото да го гледа своето дете и постојано барала се повисока алиментација. Иако детето постојано се жали на семејството на таткото дека трпи малтретирање од мајката, тие не се моќни да му помогнат поради претпоставката на социјален работник дека „детето до одредена возраст мора да е со мајката“.
Во име на сите татковци, сопрузи, поранешни партнери кои трпат поради стереотипот дека мажите се секогаш насилници, а жените и покрај тоа што се докажани насилнички, успеваат да изглумат жртви пред системот, должна сум како новинар да изработам видео сторија на оваа тема и да ги земам предвид сите за мене познати случаи во кои татковците неправедно го губат своето родителско право и постојано се лажно обвинувани за насилство, само поради законските регулативи во кои се претпоставува дека жени се секогаш жртви на насилство ( иако статистички така изгледа, во многу случаи жените тоа го злоупотребуваат па покрај сувото гори и сировото).
Од друга страна забележително е отсуство на еквилибриум во однос на НВО кое штити женски права и НВО кое се зазема за правата на татковците и оние кои тенденциозно се претставуваат како насилници во семејството (имајќи само една карактеристика на насилство – фактот дека се мажи). Тој силен притисок на НВО на кој многумина во јавноста биле жртви, во Хрватска го донесе бизарниот случај Ана Магаш – жената која си го уби мажот, само врз база на нејзиното сведоштво дека била жртва на насилство успеа да избегне затворска казна.
Колегите сигурно се сеќаваат на случајот, особено затоа што полициските службеници и инспекторите гарантираа дека не станува збор за убиство во самоодбрана бидејќи убодната рана на сопругот била нанесена во грб (од зад грб), а не фронтално како што Ана Магаш тврдеше, токму поради должината на нејзините раце и невозможноста да го опфати неговиот труп. Но и тогаш женското НВО уважувајќи ја приказната на Ана Магаш, без ниту еден доказ, се крена на нозе и од убиец направи жртва.
Настрана од фактот што многу жени денеска се убедени дека „на мажот му ги раѓаат децата“ и дека штом родилниот канал ќе им ја изработи нивната главна должност, мажот е должен цел живот да ги издржува, па ја имате и изјавата која конкурира за најглупа изјава на векот на српската новинарка дека: „Штом на МАЖОТ ЌЕ МУ РОДИШ ДЕТЕ должен е да ти купи стан, ролекс и кола“. Прво му раѓаш нему дете, а потоа и тој е должен да те обезбедува тебе финансиски. Кој е машкиот пандан на ова: „Ако на жената и направиш дете, должна е доживотно да те издржува“? Големо прашање е и тоа што мажите воопшто не одлучуваат за тоа дали ќе имаат или не дете со жената, особено ако таа сака детето да го абортира. За мажот детето доаѓа како нужност и одговорност за неговите постапки, а за жената доаѓа, како што? Систем за наплата? Јас за ваков феминизам ниту сум се борела, ниту ќе се борам, затоа што од движење кое требаше да загарантира рамноправност дојдовме до тоа жените да прават целосни злоупотреби особено со концептот на насилство.
Како новинар, ја изработив сторијата „Психијатриски пациенти, убијци во обид и поранешни осудени лица. Кој се пишува книги за деца?“ без разлика на личната конотација која може да се земе како релевантна, јас новинарската работа ја сметам за сериозен позив. Да му кажете на новинар да не известува за одредена тема, затоа што во настанот е инволвирано лице со кое има лични релации, е исто како на хирург во операциона сала да му кажете не може да ја продолжиш операцијата затоа што пациентот пред 3 години те опцу, па можеш хирушкиот рез да го направиш поголем!
Со постулатите на мојата новинарска работа и лична етика, ќе продолжам да се позанимавам со сите наведени теми, бидејќи сметам дека се движиме како општество и како цивилизација во сосема погрешен правец, па така индивидуални случаи од насилници ќе можат да се прикажуваат како жртви само врз база на својата родово/полова припадност!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button