Директор на Телеком и Ковачевски обвинети дека учествувале во организација на прислушување новинари и смртта на Никола Младенов
Новинарот Зоран Божиновски објавува електронска комуникација за која тврди дека е доказ за учество на актуелниот премиер Димитар Ковачевски во организирање на прислушување на новинари и ликвидација на Никола Младенов.
Божиновски објавува електронска преписка со актуелниот директор на Телеком Никола Љушев и еден од тогашните директори Пројковски од која се гледа дека се планира следење на ,,штеточини” како што ги нарекува Ковачевски новинарите.
Во пораката се најавува дека по имеил од МВР бил добиен налог по кој требало да се постави систем за следење на новинари.
Во комуникацијата се споменува ,,тој што ги извадил сметките на Бранко” односно Никола Младенов кој подоцна почина во сообраќајна несреќа.
Имејлот кој го објавува Божиновски е од 2005 година кога на власта се СДСМ со премиер Владо Бучковски, министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски Џанго (кој сега е претседател на асоцијацијата на македонски адвокати) а менаџерскиот тим во Телеком е поставен од СДСМ.
Во пораката се споменуваат човек со име Саше и претставници на една странска амбасада кои што требало да дојдат на состанок пред полноќ во 23 часот а требало да бидат пречекани од актуелниот премиер и актуелниот директор на Македонски Телеком Љушев.
,,Кој е САШЕ?
Еве како е подготвувана ликвидацијата на НИКОЛА МЛАДЕНОВ. Прво е следен и прислушуван од септември 2005 година па натаму, па ,,стигнал,, најдалеку до влезот на Скопје во март 2013…” пишува Божиновски во пораката во која ја објавува електронската комуникација на Ковачевски.
Обвинителството досега не покренало истрага за овој конкретен случај иако за аферата Маѓар Телеком за кој пред американскиот суд веќе има казнети директори на компанијата веќе беше донесена судска пресуда.
Во обвинителството за аферата Телеком има предмет во кој се споменуваат Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери но од непознати причини тој не оди напред со години.