ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ОД СУДЕЊЕТО НА Д-Р ЖАН МИТРЕВ Обвинетиот спречен да присуствува од здравствени причини
Денешното рочиште од судењето на д-р Жан Митрев е одложено поради обвинетиот бил спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини, информира Основен кривичен суд – Скопје.
– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 349/23 поврзан со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“, насрочена за 04.09.2023 година, ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да до судот е доставен поднесок со прилог медицинска документација дека обвинетиот Ж.М. е објективно спречен да присуствува на рочиштето поради здравствени причини – се вели во соопштението од Кривичен суд.
Расправата ќе продолжи на 2 октомври.
Судењето требаше да продолжи со испитување на сведоци на предлог на обвинителството.
Предметот е оформен по допрен глас, откако минатата година се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.