Како истите обвинители од дописници на порталот ДОКАЗ се дозволи да бидат и џелати на истиот, има ли некој нормален во државата, значи треба да има ред прво Марјан надвор а обвинителите во Идризово
Како истите обвинители од дописници на порталот се дозволи да бидат и џелати на истиот?
ДОДЕКА СЕ НАТЕГАТЕ СО ОБВИНИТЕЛИТЕ ДОУШНИЦИ МАЛЦЕ ДА ПОДРАЗМИСЛЕВТЕ? АКО Е УТВРДЕНО ДЕКА ОЈО СКОПЈЕ И ВИШЕ ЈАВНО БИЛЕ СОРАБОТНИЦИ НА ДОКАЗМ КАКО ТОГАШ МАРЈАН УШТЕ ЛЕЖИ ВО ЗАТВОР?! СО ОВА ОБВИНУВАЊЕ СЕ ДОКАЖУВА ДЕКА СТАМЕНКОВСКИ Е ОСУДЕН ВО НЕЗАКОНИТА ПОСТАПКА
КОГА ЌЕ УТВРДИТЕ ДЕКА ВО СУДЕЊЕТО НА МАРЈАН Е ПОВРЕДЕНА ПРАВНАТА ПОСТАПКА ИЛИ ЌЕ ЧЕКАТЕ СТРАЗБУР ТОА ДА ГО УТВРДИ И ВИЕ ДА МУ ИСПЛАТИТЕ ШТЕТА?
УШТЕ ЕДНАШ ПРАВО НА ЗАШТИТА ОД ПОВРЕДА НА ЗАКОНИТОСТ. ИМА ЛИ ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА? НЕ, НЕМА!
Врховен суд и Судски совет се на потег.
Две дисциплински постапки се иницирани против обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, објави „Макфакс“. Првата е за наводите дека соработувале со осудениот сопственик на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски. Втората, според извори во Обвинителството, е поднесена поради нестручно постапување. За двете дисциплински се доставени и докази кои треба да ги цени Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност. Обвинителството не споделува детали од дисциплинските постапки. Молк и од обвинителите Фетаи и Рајчев. На потег е петчлената комисија.
„Во моментов има иницијативи за дисциплински постапки против неколку јавни обвинители. Дисциплинската комисија до овој момент не донела одлука за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на наведените обвинители“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.