Свет

Петмина загинати во пожари и невреме во Италија, две лица изгореа во куќа на Сицилија

Петмина загинати во пожари и невреме во Италија, две лица изгореа во куќа на Сицилија

Најмалку пет лица загинаа во Италија во невремето на северот и пожарите на Сицилија, поради што владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области.

„Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби шеснаесетгодишно девојче во извиднички камп во Бреша (на север) и жена во Лисоне (во северот) кога врз неа падна дрво“, напиша премиерот Џорџија Мелони во порака на Твитер.

Силен ветер кој дуваше со брзина од 110 километри на час, силен дожд и град вчера рано утрото падна во Милано, економскиот центар на земјата, поплавувајќи ги улиците и откорнаа дрвја, кои во голем број паднаа на коловозот.

Локалното јавно транспортно претпријатие пријавило сериозни оштетувања на електричната мрежа, а новинар на АФП пријавил привремен прекин на водоснабдувањето во историскиот центар на градот.

Додека на северот на полуостровот беснее невреме, југот го зафати топлотен бран со температура од 47,6 степени целзиусови, кој беше измерен во понеделникот во Катанија, Сицилија, соопшти локалната цивилна заштита.

Изгорените тела на двајца 70-годишни мажи биле пронајдени во куќа која била зафатена од пожар, а 88-годишна жена починала во близина на Палермо, пишуваа синоќа весниците.

Освен тоа, сицилијанските пожарникари се бореа со неколку пожари во вторникот вечерта, а еден пристигна во близина на аеродромот во Палермо, кој беше затворен неколку часа во текот на утрото.

Претседателот на сицилијанската област Ренато Скифани изјави дека ќе побара од владата, која заседава денеска, да прогласи вонредна состојба на медитеранскиот остров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button