UncategorizedЦрна Хроника

Почина познат македонски борач, беше дел од златната генерација!

Почина борачот на златната генерација на Бучим од Радовиш, Дане Вучков.

Вучков беше дел од генерацијата која го прослави македонското клупско борење и активен чинител на успехот на Боречкиот клуб „Бучим-Јака“ до европското злато во 1995-та и светското злато во 1996-та година.

На патот кон светската титула Бучим славеше против унгарската екипа Чепел, турскиот клуб Тедаш и легендарниот американски шампион Дејвид Шулц, афирмирајќи ја Македонија со светски спортски успех, претворајќи го личниот сон во колективен и национален.

Дане беше неизоставен дел од екипата, тешкаш кој носеше клучни победи. Вучков повеќекратен шампион на Македонија и во поединечна и во екипна конкуренција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button