Македонија

Пендаровски: Очекувам интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата за уставните промени, не смееме да го пропуштиме овој стратешки момент

Очекувам во наредниве неколку месеци, намерно потенцирам неколку месеци, дека ќе престојат интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата во кои конечно ќе можеме да се убедиме дека ова е стратешки момент кој не смееме да го пропуштиме за иднината на државата, истакна претседателот Стево Пендаровски во однос на најавените активности во Собранието за отворање на Уставот.

 

Пендаровски: Очекувам интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата за уставните промени, не смееме да го пропуштиме  овој стратешки момент

При денешната работна посета на општина Пустец во Албанија, шефот на државата рече дека не очекува отворање на Уставот да се случи во август.

-Ставовите на двете групации во Собранието се многу јасни и досега не се променети. Од вторник понатаму почнува процедурата во Парламентот.
Не очекувам првата фаза гласање за евентуално отворање на уставните промени да се случи во август, имам очекување дека тоа ќе биде најверојатно после годишните одмори, некаде крајот на септември. Инаку, целата временска рамка која се очекува евентуално да го промениме Уставот треба формално да заврши до 30 ноември, додека трае скринингот, посочи Пендаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button