Забава

Гласини за криза во бракот – Меган и Хари се разделија, но не се разведуваат?

Сѐ погласни се гласините дека принцот Хари (38) и Меган Маркл (41) минуваат низ криза во бракот.

Според дел од светските медиуми, тие двајца во моментов се разделени со цел така да ја спасат својата врска и дека немаат намера да се разведат.

И двајцата се обидуваат да разберат што им се случува. Се надеваат дека тоа што ќе се разделат на различни континенти ќе им помогне да го најдат тоа што им треба за да продолжат понатаму – велат извори блиски до парот.

Принцот Хари во моментов планира да оди во Африка сосема сам каде што ќе работи на нов документарен филм за Нетфликс.

Во Африка Хари се чувствува свој на своето и го смета континентот за свој ‘втор дом’ – пишува Radar Online.

Наводно финансиските проблеми биле основната причина за конфликти. Трошоците за одржувањето на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија и трошоците за обезбедување им предизвикуваат дополнителен стрес.

Според странските медиуми, капката што ја прелеала чашата во односот меѓу Меган и Хари е нивниот пропаднат договор за подкаст на Spotify.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button